ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Зимата ќе дојде, Балканот и ЕУ договараат азербејџански гас

Економските министри од регионот и пошироко на состанок во Софија формираа регионална платформа за набавка на гас откако руски Гаспром ја запре испораката кон Бугарија. Платформата ќе има за цел покрај изнаоѓање решение за замена на рускиот гас, но и да се намали зависноста од руската нафта. Министерот за економија Крешник Бектеши посочи дека земјава во целост ќе ги подржува инцијативите кои ќе произлезат од оваа платформа.

„Ги подржуваме сите инцијативи и проекти кои ќе ја продлабочат соработката помеѓу двете земји, но и регионалните иницијативи како што е интерконекторот со Грција, а дополнително на тоа да се разгледаат можностите за зголемување на постоечките капацитети со оглед на тоа дека С Македонија нема капацитети за складирање на течен гас“, рече Бектеши.

Решение мора да се најде што побрзо бидејќи зимата ќе си дојде, потенцираше бугарскиот министерот за енергетика.

„Долгорочна одлука ќе има работната група во која учествува и Европската Комисија и ќе се излезе со сите сценарија и предлози кои ќе бидат коментирани наскоро. Поради тоа што на крајот на април структурата на набавките целосно нагло се промени и мораше да се случат многу алтернативни решенија, се бара баланс за да нема драстични промени во цената“, рече Александар Николов – Mинистер за енергетика на Бугарија.

Азарбејџанскиот гас е првата опција која може да го замени рускиот. Министерот за енергетика на Азарбејџан истакна дека неговата земја е подготвена двојно да ја зголеми испораката кон ЕУ со над 10 милијарди кубни метри.

„Во првите 4 месеци од тековната година Европа доби 3,5 милијарди кубни метри азербејџански гас. Од нив 3,1 милијарда кубни отидоа во Италија, 0,3 во Грција и 0,1 милијарда во Бугарија. Ако продолжат сегашните испораки, очекуваме нашиот извоз на гас во Европа да надмине 10 милијарди кубни до крајот на годинава“, рече Парвиз Шахбазов- Министер за енергетика Азарбејџан.

До крајот на мај Европската Унија треба да го донесе и планот во кој ќе им конкретни чекори за намалување на зависноста од рускиот гас.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button