ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Зимава ќе биде потешка од лани, ем цените повисоки, ем нема гас

Зимава ќе биде потешка од лани, ем цените повисоки, ем нема гас

Државата нема да дозволи големо зголемување на цената на струјата. Регулаторот уверува дека постојат механизми со кои ќе спречи електричната енергија да поскапи за 30, 40 или пак 50 отсто. Во вечерашниот Економски магазин на Алсат првиот човек на регулаторна Марко Бислимовски вели дека засега е рано да се каже колкаво ќе биде поскапувањето, но тврди дека социјална експлозија нема да се случи. Сепак реалноста е дека поскапувањето е неминовно.

„Ќе имаме тешка грејна сезона, далеку потешка од колку што беше минатата година. Минатата имаше и природен гас, имаше и електрична енергија, зборувам за пазарот на Европа, но цените беа многу високи. Сега цените се дури и повисоки од лани и возможно е да има проблеми со снабдувањето на природниот гас“, изјави Марко Бислимовски, претседател на РКЕ.

До крајот на месецов енергетските компании од земјава треба да ги достават пресметките за нивните трошоците кои директно влијаат во формирањето на цената за домаќинствата. Засега не се знае и колкав ќе биде уделот на струја кој државните електрани ќе го испорачаат на Универзалниот снабдувач, ставка која има најголем удел во цената на струјата. Во меѓувреме, финишира и изработката на новите правилници со кои ќе се воведат нови тарифи за пресметки на цената на електричната енергија. Они домаќинства кои трошат повеќе ќе се тарифираат по повисоки цени.

Иле Петревски

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button