ЕКОНОМИЈА

Златен Даб ги претстави новите дизајни на Limited Edition лименките

Златен Даб по четврти пат ги претстави своите лименки во уметнички дизајни, на тој начин поддржувајќи ги уметниците и домашната арт сцена во Македонија. Зад најновите дизајни, оваа година стојат истакнатите македонски уметници Елена Чемерска, Никола Радуловиќ, Руки Чуки и Ване Костуранов.

Промотивниот настан беше збогатен со диџеј сетовите на Shorty P и Irie Scratch, а посетителите можеа да добијат пакување со најновите Limited Edition лименки на Златен Даб. Уметниците кои учествуваа во овој проект потенцираа дека редизајнирањето на лименките на омиленото македонско пиво е голема инспирација која уметнички ја поврзуваат со ведрината, забавата и убавината на живеењето. Инаку, оваа година, Златен Даб како новитет ги претставува и дизајнираните етикети на шишињата од 0,33 l кои ќе бидат достапни во кафулиња и ресторани.

Иницијативата за редизајнирање на лименките во уметнички манир е одличен начин на поврзување на брендот со локалната уметничка заедница, преку која истовремено им се овозможува врвно и необично уживање на сите љубители на Златен Даб.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button