ВЕСТИСВЕТ

Змии и гуштери стопираа проект на познатиот милијардер

Компанијата „Тесла“ мора да ги запре подготвителните работи околу изградбата на фабриката за електрични автомобили недалеку од Берлин, по налог на германскиот суд и по успешната тужба на еколошките здруженија.

Производителот на електрични автомобили ја расчисти шумата во близина на германската престолнина за својата прва фабрика за автомобили и батерии во Европа, но противниците тврдат дека тоа ќе ги загрози живеалиштата на змии и гуштери.

Судот во Франкфурт нареди суспендирање на уништувањето на шумите во очекување на нови студии за влијанието врз животната средина.

Слична судска наредба беше издадена на „Тесла“ на почетокот на годината, кога таа американска компанија ја планираше т.н. гигафабрика Грунхајду, во источната сојузна држава Бранденбург. Во тоа време, како причина се споменуваа загрозеноста на флората и фауната и водоснабдувањето.

Компанијата „Тесла“ јавно не ја коментираше најновата судска одлука. Конечната пресуда сѐ уште се чека.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button