Значителни штети во Арачиново, Ченто и Стајковци од вчерашното невреме

Поројниот дожд што ја зафати земјата ден предизвика значителни штети.
Во Арачиново улиците беа покриени со кал, камења, песок и смет, што го отежнуваше сообраќајот и секојдневниот живот на жителите. Ова ги принуди властите да излезат со багери за да ги расчистат улиците…
Сепак, главниот пат што го поврзува Скопје со Куманово, остана затворен некое време.
Граѓаните велат дека поплавите биле ненадејни и големи, предизвикувајќи материјална штета и вознемиреност во некои населби. Тие бараат превентивни мерки, за да не се повторат слични случаи во иднина.
„Целиот пат тука е уништен. Не се оди веќе… Овој песок дојде од горе, не беше тука, јас сум таксист работам тука секој ден, не беше тука. Штета има, како нема…Излегоа да го исчистат овој песок, а улиците се полни со камења, таму подоле е катастрофа“, велат граѓаните.
„Има, има штета, бидејќи имаше места каде што влегуваше вода, која ги блокираше нивните патишта, сега не знаат по кој пат да одат“, додава еден граѓанин.
Од општина Арачиново велат дека покрај улиците добиле и пријави за поплави на четири дворови на куќи.
Општина Арачиново:
„Освен три или четири случаи на поплавени дворови, не сме имале случаи на оштетувања на земјоделски култури или земјиште“
Поројните дождови зафатија делови од земјата. Потсетуваме дека во 2016 година поради обилните врнежи што го зафатија овој регион, животот го загубија повеќе од 20 лица.
Ајнур Бафќари