ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Зољи, гранати и муниција пронајдени во Блаце, полицијата презема мерки за расчистување на случајот

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот откако по претходно добиени сознанија кај селото Блаце денеска е пронајдено одредена количина оружје и муниција.

Како што соопштија од МВР:

На 24.01.2021 по претходно добиени информации дека во атар на с.Блаце, во близина на границата  со Косово има закопано разновидно оружје и муниција кои потекнуваат од 2001 година, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и СВР Скопје пронашле две зољи, еден РПГ7, три гранати за РПГ7, нишанска справа, две барутни полнења за РПГ7, девет парчиња муниција 7,62×54 R и два реденика кои биле закопани во земја. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button