Зоолошката градина во Скопје, преплавена викендов
Зоолошката градина во Скопје, преплавена викендов

Под топлото јунско сонце, над две илјади посетители викендов ја посетија Зоолошката градина во Скопје, каде одекнуваше детски џагор, а посетителите уживаа во друштвото на лавовите, жирафите, мајмуните и голем број други животни кои никогаш не би ги сретнале во природата во Македонија.
Посетителите зборуваа за нивните омилени животни , а дел сметаат дека треба да се донесат повеќе видови..
Анкета
„Кај лавовите, Мајмунот, Банани“ 0028
„Кај камилите највеќе и кај коњите, малиот многу се радува на коњчињата и на магарињата. Тато кажи што сакаш највеќе од животнтие , Камила. Задоволни сме но меѓутоа може уште повеќе животни да се донесат.“
„Морските желки, мечката.“
Зоолошката градина беше побогата за многу животни кои угинаа изминативе години. Меѓу нив слоницата Дуња, јагуар, жирафа и лав.
Од зоолошката гредина велат дека освен низата пропусти во административниот дел, изминативе години слабо се следи европслиот тренд.
„ Во последните години реков малку апстиниравме од тој пад и решивме дека можеме да направиме наша верзија и за жал ова е продуктот кој работи и греши, така да веројатно се случи токму тоа и со нашата градина. Верувам во тоа дека ЕАЗА конкретно нуди една формула како мора да функцуонира зоо во иднина зоо ако порано била забава модерната треба да нуди едукација“, рече Војо Иванов – негувател во ЗОО Скопје.
Хранењето на животните со смоки чипсови или чоколадо, негувателот од зоолошката градина Војо Иванов вели дека за голем број од животните тоа е опасно и токсично.
Од зоолошката градина по кој знае кој пат апелираат, посетителите да не ги хранат животните, бидејќи тоа им пречи на нивнотот здравје.
Од Зоолошката велат дека губењето на животни е дел од природниот циклус, но проблем е што нема подмладок.
„Во право сте можеби изгубивме дел од животните и тоа ќе се случува знаете како кругот на животот, само што во нашиот круг ние немавме подмладок, ние во последните години голем дел од животните кои што ги примивме беа во циркуси беа во зоолошките кои што немаат услови, вдомивме и животни кои што се од истополни групи, поради тоа што ЕАЗА рече вие и да ги размножите вашит животни не може да патуваат така лесно и едноставно, немате капацитети да имате цели фамилии и жирафи“, додаде Војо Иванов – негувател во ЗОО Скопје.
Зоолошката градина е најпосетувана е на пролет, каде се разеленува а луѓето и животните се будат од зимскиот сон. Најомилени животни се пингвините, бебињата лемури, како и слоницата од Африка која додека се бања предизвикува огромно внимание.
Во регионот освен кај нас, има околу 80 зоолошки градини./Алсат.мк
Ангел Димовски.