ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Зоран Заев поднесе оставка од премиерската функција и од лидер на СДСМ

На вечерашната прес конференција премиерот Зоран Заев поднесе оставка од премиерската функција и од претседателската функција во СДСМ.

„Им ја честитам на наштите опоненти победата на овие избори. Ја преземам одговорноста на себе за ваквиот развој на политичките настани заклучно со резултатите на овие избори. Поднесувам оставка од премиер и од претседател на СДСМ“, рече Заев.

„Ќе останам периодов, додека треба, за да помогнам да се реорганизира нова влада со прогресивно мнозинство, кое го има и постои, а може да биде и зголемено. Како човек сум дел од СДСМ и од прегресивниот народ и останувам во првите борбени редови како член на СДСМ и дел од нашиот прогресивен народ“, додаде Заев.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button