Зошто се промени Алтернатива – одговара Зијадин Села
Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, во интервју за емисијата „200“ на Алсат, првпат проговори по последните политички случувања и „разделбата“ што оваа партија ја имаше со Алтернатива, која веќе потпиша договор за влез во Владата.
Села првично рече дека се чувствува разочаран, но не даде конкретен одговор што се случи со заладувањето на оваа коалиција и промената на односот на Алтернативата кон неговата партија.
„Се чувствувам разочарано, не можам да се чувствувам поинаку, но и горд на секој пратеник на АА, на секој претставник на АА, кои се сериозни и решителни. Знаеме дека имавме 12 пратеници од народот, овие 12 пратеници не се сопственост на субјектот туку се сопственост на граѓанинот кој гласал за промени“, рече Села.
„Коалициите не се лесни, тие се тешки. Ние можеме да одговараме за нашите чекори, за чекорите на другите политички субјекти тие самите мора да одговараат. Ги слушнавме нивните аргументи и нека ми кажат во кој дел Зијадин Села е антиевропски“, нагласи тој.