
Речиси сите министерства следната година ќе имаат на располагање повеќе пари во буџетските каси според предлог буџетот за 2022 година. Догодина Министерството за транспорт ќе располага со најрекордниот буџет досега или на располагање ќе има 120 милиони евра повеќе од оваа година. Околу 100 милиони евра ќе се трошат за патна инфраструктура за договорот со Бектел и Енка. Зголемен буџет за 50 милиони евра има Министерството за одбрана наменети за интеграцијата во НАТО, и Министерството за економија – 12 милиони евра повеќе за изградба на интерконекторот со Грција. Па така следната година:
ПРЕДЛОГ БУЏЕТ ЗА 2022
Министерство за транспорт 192 милиони евра
Министерство за одбрана – 222 милиони евра
Министретсво за внатрешни работи -192 милиони евра
Министерство за економија – 25 милиони евра
Пари и оваа година се обезбедени за ставката Зелен развој во висина од 27,6 милиони евра. Државата планира следната година за капитални инвестиции да потроши 614 милиони евра. За економските екперти планирањето на толку високи капитални инвестиции ќе и помогне за економски раст, доколку сите се реализираат а не само да бидат на хартија.
„Капиталните расходи кои ќе бидат поголеми од буџетскиот дефицит иако тоа е значаен дел, но на долг рок може да предизвика загрозување на фискалната одржливост на Македонија. Оттука се надевам дека проекциите ќе останат како што се поставени и дека државата ќе го следи планот за фискална консолидација. Планираните износи би можеле да бидат остварливи иако досегашните искуства не ни даваат за право да бидеме толкави оптимисти“, изјави Зоран Ивановски- Универзитетски професор.
Следната година со најголеми буџети ќе располагаат Министерството за труд и социјална политика со 822 милиони евра и Министреството за образование 470 милиони евра. Се планира да се потрошат 4,4 милијарди евра, а во државната каса да се приберат 3.8 милијарди евра.
Андреа Чобанова