Алити во „Патот кон“: Огнената група не е искрена во своите причини против извршната власт

Координаторот на огранокот на ДУИ во Сарај, Рафис Алити, вели дека не претендира да го преземе огранокот на Сарај, туку да ги обедини политичките активисти и да ги надмине несогласувањата. Според Алити, Огнената група не е искрена во своите причини против извршната власт. Пристапот на веќе декларираната фракција тој го оценува како погрешен, бидејќи според него, забелешките треба да се даваат во партијата, а не јавно. Алити зборуваше и за статусот на поранешните борци на ОВК во емисијата Патот Кон…, која се емитува вечерва во 22:20 часот на Алсат.
„Немам амбиција да бидам ниту шеф на огранок, ниту на која било друга функција, напротив, ова го правам затоа што јас и претседателот Ахмети чувствуваме обврска кон електоратот на ДУИ во Сарај кој не поддржува 20 години и ДУИ во Сарај секогаш била победник. Огнената група не е незадоволна затоа што не се работи, оваа група беше против поставување на овие лица кои денес се министри на ДУИ. Тие и пред да се формира Владата го искажуваа своето незадоволство, но на крајот сепак гласаа за Владата“, вели Алити.