ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Критики за новиот наставен концепт за шесто одделение

Критики за новиот наставен концепт за шесто одделение

Наставници и разни здруженија, особено по географија, се револтирани од новиот наставен концепт за шесто одделение што се очекува за првпат да почне да се спроведува од наредната учебна година. Наставната програма што ја презентираше Бирото за развој на образованието предвидува географијата во шесто одделение да се интегрира во природните науки заедно со предметите хемија, физика и биологија. Методиј Богоевски, наставник по географија во Битола, има многу забелешки за овие реформи, додавајќи дека останува нејасно кој од наставниците по горенаведените предмети ќе ја држи наставата по Природни науки.

Advertisements

Бирото за развој на образованието не дава никакви појаснувања. Кусо одговорија дека часот по Природни науки ќе го води еден од наставниците по интегрираните предмети. Но, според наставниците, самите образовни институции стануваат најголем креатор на проблемите во образованието.

Од Здружението на професори по географија најавуваат дека ќе ги преземат сите активности за да се запре реализацијата на новиот концепт и да се задржи статусот на наставните предмети географија, хемија, физика и биологија.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button