ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Општина Чаир: За надградбата во Топанско Поле нема прекршување на законот

Општина Чаир денеска се огласи за случајот со зградата на улицата „ Никола Млешевски 39“ во Топанско Поле, каде станарите го обвинуваат соседот дека ги изманипулирал за да ги добие нивните потписи за наводно санирање на покривот. Но, наместо тоа, почнал доградба на својот стан. Според општината, по извршените проверки во Секторот за урбанизам, излегува дека човекот ги следел сите законски процедури и имал комплетна документација.

Advertisements

“Изведувачот во овој случај кој ја врши надградбата, поткровјето, претходно ги испочитувал сите процедури за добивање на градежна дозвола. Во процедурална и правна смисла, изведувачот е сосема чист. Дозволата која е дадена, сè додека е во правна сила, не може да се повлече“, рече Фари Исени – портпарол на Општина Чаир.

Портпаролот на општината вели дека ако жителите сакаат да ја добијат документацијата за предметот за кој станува збор, треба да поднесат барање за слободен пристап до информации од јавен карактер.

„Мораме да ги штитиме податоците за авторски права, личните податоци на луѓето. Во овој случај, ако не постои пречка со лични податоци, тогаш можеме да ја дадеме документацијата и тоа не е проблем“, додава Исени.

Од општината нагласувата дека не можеле да издадат дозвола ако претходно во документацијата немало и зелено светло од Институтот за земјотресно инженерство.
Станарката која соседите ја обвинуваат вчера ни ја покажа документацијата. Но, жителите велат дека зградата не е безбедна за градење на уште едно ниво бидејќи имала пукнатини од земјотреси.

Станарите тврдат дека кога потпишувале не успеале да прочитаат што всушност потпишуваат.

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button