ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

11 од 46-те осомничени за трагедијата во Кочани го дочекаа крајот на истрагата зад решетки

11 од 46-те осомничени за трагедијата во Кочани го дочекаа крајот на истрагата зад решетки

11 од 46-те осомничени за трагедијата во Кочани го дочекаа крајот на истрагата на Обвинителството зад решетки. Ова го покажуваат податоците што ги обезбеди Алсат од Основниот суд во Кочани, во врска со актуелната состојба на мерките за обезбедување присуство за обвинетите.
ТАБЕЛА
Мерка Истрага 1
(46 лица) Истрага 2
(14 полициски службеници)
Притвор 11 /
Домашен притвор 14 /
мерки на претпазливост 20 14
Нема мерки 1 /
4614
Додека продолжуваат жалбите и судските постапки за мерките пред Апелациониот суд, од судот истакнуваат дека бројките може да се менуваат од ден на ден поради евентуалните одлуки што може да ги донесе судот од втор степен во Штип. Покрај лицата што се во ефективен притвор, 14 осомничени се во домашен, а 20 други се под посебни мерки на претпазливост. Само за еден од осомничените Обвинителството не предложило мерки поради неговата здравствена состојба.
Во меѓувреме, за 14-те полициски службеници осомничени во истрагата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, моментално се под мерки на претпазливост, иако првично 7 од нив завршија во притвор.
Во меѓувреме, по два месеца притвор, на поранешниот министер за економија Крешник Бектеши и на поранешниот директор за заштита и спасување Беким Максути им е заменет притворот со куќен притвор.
Претходно, мерката притвор беше заменета со куќен притвор и за тројцата градоначалници на општина Кочани, Ратко Димитровски, Николчо Илиев и Љупчо Папазов.
Министерот без ресор Шабан Салиу, кој беше директор на Дирекцијата за заштита и спасување од 2008 до 2017 година, исто така беше ослободен од притвор. На 23 мај, Апелациониот суд ја поништи одлуката со која Салиу беше во притвор повеќе од еден месец. Наместо притвор, Апелациониот суд одлучи да му изрече само мерки на претпазливост, односно да му се одземе пасошот и да се пријавува во суд.
Претходно, на поранешните министри за економија Валон Сарачини и Беким Незири, кои се осомничени во истрагата, им беше одреден куќен притвор, додека на Дритон Кучи му беше одредена мерка на претпазливост, но Судот не дава детали дали за нив мерките се променети. Не се дадени детали ниту за директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Џеват Селами, кој неодамна беше разрешен од функцијата додека беше во куќен притвор./Алсат.мк
Суад Бајрами
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button