1129 деца, жени и мажи пријавиле семејно насилство за една година
1129 деца, жени и мажи пријавиле семејно насилство за една година

Во текот на оваа година во Македонија, вкупно 1129 лица, пријавиле семејно насилство. Од нив, 160 биле деца, 792 биле жени, а 177 мажи .Реалниот број се смета за многу поголем бидејќи голем дел од жените не го пријавуваат насилството врз нив поради страв и неверување дека нешто ќе се преземе. Министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, рече дека податоците не покажуваат голем пораст на насилството, но според неа, вознемирувачки се судските одлуки со кои сторители на насилници се пуштаат на слобода .
Тренчевска додаде дека секоја жена потенцијално може да биде жртва на семејно насилство, без разлика на нејзиниот социјален или економски статус.
Полошкиот регион е единствениот регион од осумте плански региони што нема згрижувачки центар за жени жртви на семејно насилство, што е спротивно на Истанбулската конвенција.
Тренчевска најави дека прифатилиште за жртви на насилство до крајот на месецов ќе биде отворен во Гостивар.
Членот три од Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените го дефинира насилството врз жените како кршење на човековите права – а под насилни акти се подразбираат сите акти на физичка болка, сексуално, психолошка или економско насилство, вклучително и закани за такви дела./Alsat.mk
Ардит Рамадани