МАКЕДОНИЈА

115 новозаразени и тројца починати е новиот биланс на Ковид 19 во земјава


225 лица кои се бореле со Ковид 19, во последните 24 часа се додадени на списокот на излечени, со што вкупниот број изнесува 9.977 лица. Трицифрен број на излечени е регистриран во Скопје, и тоа 146.
Главниот град и денеска е на врвот на листата по бројот на заразени или со 32 лица од вкупно 115 кои се позитивни од 1.825 тестови направени во последните 24 часа. Двоцифрен број на заразени има и во Штип 14, Гостивар 11 и Тетово 10. Вкупниот број на заразени лица кај нас е 13.308. 2.774 слуаи се активни и тоа во 31 град.
И во денешниот извештај има тројца починати. Двајца од нив, 62 – годишник  и 68 – годишник се од главниот град, додека третата жртва која имаше 68 години е од Струга. Бројот на починати достигна 557 лица, а повеќе од половината се од Скопје.

На Клиниката за инфективни болести 78 пациенти добиваат медицинска помош, од кои 40 добиваат терапија со кислород. Во болницата „8 септември“ има 69 пациенти, од кои четворица се на вештачко дишење.

Статистиката на Министерството за здравство покажува дека 50,16% од заразените се мажи, додека 49,84% се жени. И во однос на процентот на починати, 63,07 се мажи, додека 36,93% се жени.

Evi Shkopi

Прикажи повеќе

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button