ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

12 санкции за возачи под дејство на алкохол на територија на СВР Тетово

12 санкции за возачи под дејство на алкохол на територија на СВР Тетово

 Полициски службеници од СВР Тетово вчеравечер и ноќеска (17/18 јуни) од 23 до 5 часот, спровеле акциска контрола на возачи, дали и колку од нив ги управуваат возилата под дејство на алкохол. При контролата откриени и санкционирани се вкупно 12 возачи (ТЕ-7 и ГВ-5). Сите возачи-прекршители веднаш се исклучени од сообраќај, времено им се одземени нивните возачки дозволи и ќе се соочат со законски предвидените глоби од 225 до 275 евра во денарска противвредност. Покрај ова, биле санкционирани, исто така, и 16 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-14 и ГВ-2).СВР Тетово апелира до возачите да не возат доколку консумирале алкохол, затоа што алкохолот ја намалува нивната способност за нормално и безбедно управување и ја доведува во ризик сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот.
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button