ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

120 лица загинале во сообраќајни несреќи за една година

Во последните три години во нашата земја во сообраќајни несреќи загинале 120 граѓани. Во повеќето случаи, главна причина била брзината .

Според портпаролот на МВР, Тони Ангелов, за само една година биле изречени околу 250.000 казни на граѓани кои не ги почитувале сообраќајните правила.

Според професорот на Факултетот за безбедност, Никола Дујовски, најбезбедна земја на Балканот за безбедност на сообраќајот на патиштата е Косово, додека Македонија е  медѓу последните од Западен Балкан.

Причина за големиот број на починати се човечкиот фактор но и состојбата на патиштата и на возилото.

На третата меѓународна Конференција за подобрување на безбедноста на сообраќајот на патиштата учествуваа околу 150 експерти од различни области на безбедноста на сообраќајот на патиштата.

Авни Тахири

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button