ВЕСТИСВЕТ

(ВИДЕО) Француските земјоделци ги блокираат патиштата околу Париз

Земјоделците во Франција со трактори се приближуваат до Париз, интензивирајќи ги протестите против, како што ги нарекуваат, неправедните стандарди и конкуренцијата кои ја загрозуваат нивната егзистенција, пренесува Independent.

Денешниот бран протести следува откако вчера земјоделците ги блокираа автопатиштата и фрлија сандаци со увезени производи, барајќи преземање итна акција за ниските цени на земјоделските производи, зелената регулатива и политиките за слободна трговија.

Голема количина домати, зелки и карфиол, за кои група фармери рекоа дека биле увезени, се најдоа расфрлани низ автопатот А7 што ги поврзува Марсеј и Лион.

Земјоделскиот синдикат FNSEA ѝ даде на владата список со нивните барања, вклучително и подобро спроведување на законот дизајниран да ги заштити цените на производите.

Тие, исто така, бараат продолжување на даночните олеснувања за дизелот за земјоделските возила, итна исплата на земјоделските субвенции на ЕУ, гаранции за исплатите на осигурување поврзани со здравјето и климата и итна помош за винарите и органските фармери.

Демонстрациите траат веќе втора недела, откако за првпат избувнаа во југозападна Франција.

Земјоделците ветија дека акцијата ќе продолжи сѐ додека не се исполнат нивните барања, што претставува првиот голем предизвик за новиот премиер Габриел Атал.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button