ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

134 санкционирани возачи во Скопје, 28 за брзо возење

134 санкционирани возачи во Скопје, 28 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (06.09.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Advertisements

На територија на град Скопје изречени се вкупно 134 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 28 санкции, 16 мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за возење под дејство на алкохол.

Изречени се четири мерки за користење мобилен телефон, седум санкции за некористење сигурносен појас, шест мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), седум санкции за возач почетник…

Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button