ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

14 години затвор за возачот, 4 години за сопственикот на „Дурмо Турс“ – изречени пресудите за несреќата кај Ласкарци

Оновниот суд во Скопје, на сопственикот на компанијата „Дурмо Турс“, Дурмиш Белули и првообвинет во случајот „Ласкарци“, денеска му  изрече затворска казна во траење од 4 години. Возачот на автобусот, Маноил Трифуновски ќе се соочи со затворска казна во траење од 14 години.

Двајцата се дел од обвинетите за случајот „Ласкарци“ што се однесува на автобуската несреќа којашто се случи во 2019 година, а во која животот го загубија 16 патници, а над 30 беа повредени.

На останатите обвинети им се изречени следниве затворски казни:

Ремзи Мифтари, 6 години
Игор Ѓорѓиевски, 5 години
Горан Дуковски, 5 години
Јане Бобаровски, 5 години

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button