ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

141 санкционирани возачи во Скопје, 42 за брзо возење, 15 без возачка

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (20.03.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 141 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 42 санкции, 15 за возење без возачка дозвола, 8 за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се 3 санкции за користење мобилен телефон, 4 санкции за некористење сигурносен појас, 5 за минување на црвено светло и 35 за непрописно паркирани возила.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.
Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button