ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

1500 интервенции за гасенење пожари во Скопје

Повик на бројот 193 на местото на настанот ја изнесе противпожарната екипа. Алармот дека избувнал пожар во центарот на Скопје го мобилизираше дежурниот тим за што поскоро да стигне на локацијата која бара помош. По пристигнувањето на местото, с еутврди дека пожарот избувнал во подземните контејнери за ѓубре. До доаѓањето на пожарникарите, жителите од околината се обиделе да го изгаснат со сопствени средства за да се избегне поголема штета. Овој пат имаа среќа. Интервенцијата на надлежните била во рок од 10 минути.

Advertisements

Противпожарните бригади апелираат до граѓаните да бидат повнимателни, да избегнуваат палење на отпад, намерно или ненамерно, бидејќи во густите населби ризикуваат да изгорат и куќи.

Само на територијата на главниот град во текот на 2021 година имало 1.470 интервенции за гаснење пожари. Од Дирекцијата велат дека 10 отсто од овие интервенции биле за палење контејнери. Според нив, не секогаш се поминува со мали оштетувања, бидејќи често се палат паркирани автомобили околу контејнерите.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button