ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

157 санкционирани возачи во Скопје, 44 за брзо возење

157 санкционирани возачи во Скопје, 44 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (21.01.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 157 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 44 санкции, 18 мерки за возење без возачка дозвола, 11 санкции за возење под дејство на алкохол.

Advertisements

Изречени се четири мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет санкции за користење мобилен телефон…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button