ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

158 сообраќајни прекршоци во Скопје, 49 брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (03.03.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Advertisements

На територија на град Скопје изречени се вкупно 158 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 49 санкции, 10 мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, 13 санкции за возење без возачка дозвола.Изречени се девет мерки за користење мобилен телефон, четири санкции за возење под дејство на алкохол, три мерки за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), 57 за непрописно паркирање.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button