ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

17.000 ученици се испишале од основните и средни училишта во полседните 7 години

Во последните седум години, бројот на ученици од основни и средни училишта во Северна Македонија се намалил за околу 17 илјади. Ова го објави министерката за образование и наука, Весна Јаневска, одговарајќи на прашањето за Алсат. Според Јаневска, причините за намалувањето на бројот на ученици биле различни, но главно доминирало иселувањата на цели семејства во странство. Бројот на ученици постојано се намалувал во текот на целата учебна година, а не само на почетокот.

Advertisements

Во меѓувреме, според министерката за образование, од родители се примени бројни поплаки во врска со учебниците, нагласувајќи дека на нивните деца им се дадени искинати книги. Јаневска побара од училиштата наместо да им делат оштетени и неупотребливи учебници на учениците, да поднесат барања до Министерството за образование и наука за замена со нови учебници пред почетокот на новата учебна година.

Според Јаневска, за набавка на учебници, секоја година, Министерството издвојува околу 660 милиони денари и, како што рече, нема потреба да се разочаруваат ниту учениците ниту родителите, кои со право реагираат.

Авни Тахири

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button