СПОРТФУДБАЛ

17-годишниот аргентински репрезентативец, потпишува за Ман. Сити

Клаудио Ечевери, 17-годишниот аргентински репрезентативец, е на прагот да потпише за Манчестер Сити. Европскиот шампион е во завршни преговори со Ривер Плата околу трансферот на капитенот на кадетската репрезентација на Аргентина. Тој се најавува како наследник на Лео Меси во земјата на „гаучосите“.

Advertisements

Манчестер Сити на Ривер ќе и плати 20 милиони евра, а Ечевери ќе остане во аргентинскиот клуб на позајмица додека не стане полнолетен. Двата клуба претходно имаа ваков договор околу трансферот на Хулијан Алварез.

За првиот тим на Ривер, Ечевери одигра шест натпревари и забележа една асистенција. Тој ја воодушеви фудбалската јавност на Светското првенство за играчи до 17 години кога постигна пет гола, вклучително и хет-трик против Бразил во четвртфиналето.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button