ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

170 санкционирани возачи во Скопје, 75 за брзо возење

170 санкционирани возачи во Скопје, 75 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (07.08.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 170 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 75 санкции, 18 мерки за возење без возачка дозвола, 21 санкција за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли.

Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон, шест санкции за нерегистрирани возила, шест мерки за возач почетник…

Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button