ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

18 обвинети за шверц на 15 луксузни автомобили

18 обвинети за шверц на 15 луксузни автомобили

Обвинителството денеска соопшти дека поднело обвинение против 18 луѓе и еден автосалон од Кочани за шверц на крадени луксузни автомобили. Организираната група фалсификувала документи, ја криела стоката, избегнувала царински контроли и ја продавала меѓу себе за да ги скрие трагите.

Advertisements

“Обвинетите се товарат дека од 2020 до 2022 година, со фалсификувани документи, во Македонија внесувале луксузни коли, крадени во различни европски земји, и ја избегнувале царинската контрола. Автомобилите со променет број на шасија ги регистрирале со македонски таблички, а потоа, за да ги скријат трагите, за кратко време по неколкупати ги препродавале од еден на друг. Вработените во МВР во целиот тој период им издавале на другите обвинети регистарски таблици и сообраќајни дозволи спротивно на Законот за возила и со употреба на фалсификувани документи”, велат од Јавно обвинителство.

Повеќето луксузни автомобили се предмет на меѓународни истраги. За нивното пријавување помогнале 5 вработени во Управата за управни работи при МВР.

„„Автомобилите, од кои најголем дел биле предмет на меѓународни потраги, се набавувале во различни европски земји и се внесувале во земјава со променети идентификациски броеви на шасиите и со фалсификувани документи за да им се прикрие потеклото. Потоа обвинетите службени лица од МВР вршеле регистрација на возилата врз основа на лажна документација. По повеќекратната меѓусебна купопродажба, обвинетите трајно ги отуѓувале автомобилите, продавајќи ги на физички и правни лица во државава”, додаваат од Јавно обвинителство.

Во текот на истрагата, јавниот обвинител обезбеди докази за криумчарење на вкупно 15 возила со проценета вкупна вредност од над половина милион евра. За тројца од обвинетите, меѓу кои и една државјанка на Република Србија со привремен престој во земјава, надлежниот јавен обвинител предложи да им биде продолжена претходно определената мерка притвор. За истиот кривично-правен настан веќе има една правосилна пресуда против обвинет врз основа на спогодба, додека за едно инволвирано лице постапката е прекината бидејќи е недостапен на органите на прогон, наведуваат од Јавното обвинителство. /Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button