ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

180 сообраќајни прекршоци во Скопје, 80 санкции за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (21.08.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје изречени се вкупно 180 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 80 санкции, 25 за управување возило под дејство на алкохол,16 за возење без возачка дозвола, 13 за возач почетник, две за некористење сигурносен појас, две за користење мобилен телефон, пет за нерегистрирани возила, 22 за непрописно паркирање.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button