ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

19 осомничени за пожарот во Кочани остануваат во ефективен притвор

Судот во Кочани разгледувал вкупно 22 жалби поднесени од осомничени за пожарот во дискотеката Пулс во Кочани, а за 19 од нив одлучено е дека останува во сила мерката ефективен притвор, додека тројца се испратени во домашен.  На овие три лица им е одземен и пасошот.

Advertisements

„По жалбите постапуваше Совет од тројца судии и одлучи  за 19-деветнаесет осомничени жалбата да се  одбие и остане определната мерка притвор, додека за 3-тројца осомничени мерката притвор е заменета со куќен притвор,и определена е и мерка на претпазливост -привремено одземање на  патна или друга исправа за преминување државната граница  односно забрана за нејзино  издавање“, велат од Основниот суд Кочани.

Од трите лица за кои судот ја преиначи одлуката обвинителството за двајца поднесе жалби до Апелациониот суд Штип кој моментално одлучува по истите. Станува збор за притворите на поранешните градоначалници на Кочани Ратко Димитров и Николчо Илиев, додека пак за третото лице кое исто така е пуштено во куќен притвор – поранешната директорка на Државниот Пазарен Инспекторат Анета Симеска Димоска, обвинителството не поднесе жалба.

Осомничен и во ефективен притвор останува актуелниот градоначалник на Кочани Љупчо Папазов, а во истрагата за пожарот во кој загинаа вкупно 59 лица досега се осомничени 34 физички и три правни лица. Тие се обвинети за тешки дела против општата безбедност, за што се предвидува затворска казна  од три до максимум 20 години.

Михајло Донев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button