20 години децата Македонци од Непроштено учат во импровизирани бараки

Родителите на ученици Македонци од село Непроштено во општина Теарце го изразуваат својот револт зошто не се гради ново училиште. Од 2002 година, учениците Македонци од ова село учат во импровизирани бараки, без основни услови. Родителите велат дека на нивното барање за изградба на училиште никогаш не им било одговорено.
Во Непроштено и во Теарце има уште едно училиште, но родителите никогаш не се согласиле нивните деца да учат таму.
„Со жалење повторувам тие родители треба да бидат свесни што дозволуваат своите деца да учат во овие простории. Престојот во овој објект 20 години е обврска на оние кои секојдневно ја отвораат и затвораат вратата на објектот во кој нема светло, нема вода, нема добри санитарни услови, нема простор за спортски активности, значи без минимални потреби. Ние побаравме решение да се најде што е можно поскоро, не утре, туку требаше да се направи вчера, но ова се случува поради исполнување на желбите на некои поединци. Училиштето во Непроштено нема максимални услови, но услови има. И додека има услови за над 100 ученици, зошто овие 12 ученици не успеваат да се најдат себеси под овој кров“, рече Нухи Незири, градоначалник на општина Теарце.
Привремените бараки во кои учат македонските ученици беа поставени по конфликтот во 2001 година, а родителите никогаш не се согласија нивните деца да бидат префрлени во училиштето во Непроштено.
Башким Сулејмани