ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

20 годишниот Јованов призна вина и изрази сочувство и каење

20 годишниот Јованов призна вина и изрази сочувство и каење

20-годишниот Васил Јованов призна вина за сообраќајната несреќа во која животот го загуби 22-годишната Фросина Кулакова од Неготино, а во која тој управуваше зад воланот без возачка дозвола, под дејство на алкохол, поминувајќи на црвено светло додека Кулакова поминувала на пешачки премин по булеварот Партизански Одреди.Јованов во судницата им се извини на родителите на жртвата.

Advertisements

“Со голема грижа на совест носам товар за она што го сторив. Не можам да објаснам какви каење чувствувам изминатите месеци. Сакам да и се извинам на родителите на Фросина и да изразам сочувство”, рече Васил Јованов, обвинет за сообраќајната несреќа во која загина Фросина.

По признавањето вина, во судницата кратко се презентираа докази, по што следуваа завршните зборови. Одбраната се обидуваше да покаже дека Јованов искрено се кае и бил кооперативен од почеток, додека обвинителството се концентрираше на пропустите кои ги направил кобната ноќ. По денешното рочиште, родителите побараа судот да изрече максимална затворска казна на Јованов.

„И дека животот на Фросинче нема да заврши во Фросина. Толку, само тоа се надевам, дека ќе се изрече највисока казна„, рече Камелија Кулакова, мајка на починатата Фросина Кулакова.

За одбраната пак денешното рочиште е доказ дека Јованов не е наркоман ниту монструм, додека за адвокатот на семејството на Фросина исказот на Јованов е само голо признание и ништо друго освен максимална казна нема да ја задоволи правдата.

„Сето она што беше објавувано оркестрирано дека Васил е убиец, Васил е наркоман, Васил е ѓавол, Васил возел со 170, Васил избегал па не дошол три саати на лице место, видовте дека сето тоа е ноторна лага. Ќе се согласите со мене, не знам дали видовте дека, цело време на исказите оштетените читаа од мобилните телефони, што значи дека некој им ги подготвува тие говори, а така настапуваат од првиот ден„, рече Сашо Дуковски, адвокат на Васил Јованов .

„Сите знаеме на кој начин се случи настанот во кој загина младата Фросина Кулакова и од таа причина ние побаравме од судот, согласно законот, да ја изрече законски предвидената санкција, која законодавецот неслучајно ја предвидел во законот. Доколку се изрече највисоко предвидена санкција тоа ќе биде единствената задоволителна правда за младиот изгубен живот за Фросина Кулакова и исто така ќе биде превенција за во иднина да не бидеме веќе сведоци на вакви немили настани и злодела„, рече Дарко Ал Блана, адвокат на семејството Кулакови.
Пресудата за овој случај ќе биде изречена на 13 ти мај. Фросина Кулакова беше прегазена ноќта меѓу 29 и 30ти јануари, а по овој настан следуваа низа на протести во Неготино и Скопје./Алсат.мк

Михаило Донев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button