ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
20 прекршувања на забраната за движење

Изминатиот полициски час од 00.00 часот до 04.00 часот (22.05.2021) не го почитувале 20 лица.
Во текот на изминатото деноноќие (21/22.05.2021) пак, на територијата на Република Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 390 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.