ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
20 санкционирани возачи под дејство на алкохол на територија на СВР Битола
20 санкционирани возачи под дејство на алкохол на територија на СВР Битола

Во текот на изминатата вечер (17/18.06.2023) во периодот од 23.00-05.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата санкционирани се 20 возачи. За време на контролата биле санкционирани и 23 други видови прекршоци.
Акциските контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила.