22-та кандидати за членство во Советот на Агенцијата за медиуми чекаат да се закаже следната седница на Комисијата за избори и именувања
22-та кандидати за членство во Советот на Агенцијата за медиуми чекаат да се закаже следната седница на Комисијата за избори и именувања
22-та кандидати за членство во Советот на Агенцијата за медиуми чекаат да се закаже следната седница на Комисијата за избори и именувања, за да се дознае нивната судбина, поточно кој од нив ќе добие зелено светло од пратениците во комисијата. Како што дознава Алсат, коалицијата ВЛЕН ја разгледува можноста да не и даде поддршка на кандидатката Нафије Селмани, бидејќи има докази дека таа била политички активна, дури и кандидат за пратеник од оваа иста коалиција.
Да не се биде политички активен во последните десет години е главниот услов да се биде член на советот на Агенцијата. Забелешки за политички активизам на последната седница имаше и кандидатката Афрона Верзиволи, која по формирањето на владата беше предложена за главен ревизор за ИПА фондовите, но откако не ги исполни критериумите за оваа функција, беше разрешена од Владата поради немање дозвола за ревизор. Верзиволи нема партиска функција, но нејзиниот сопруг неодамна беше избран за шеф на огранокот на Липково од редовите на АА, крилото на Таравари.
За двајцата дотични кандидати, во комисијата дошло до судир меѓу пратениците Ријад Шаќири и Илире Даути. Еден ден пред седницата на комисијата, кандидатите Миле Бошњаковски и Виктор Грозданов се повлекоа од трката. Така во трката останаа само 22 кандидати, од кои 6 од Албанци. Од ВЛЕН се убедени дека од вкупно седум члена што треба да ги има советот, двајца ќе бидат Албанци.
Како што не информираше претседателот на комисијата за избори и именувања, Ѓорѓија Сајкоски, се очекува да биде закажана следната седница кон крајот на овој месец и таму да се гласа. Кандидатите кои ќе добијат одобрение потоа ќе бидат ставени на гласање на пленарна седница.
Генералниот секретар на Европската федерација на новинари, Рикардо Гутиерез, заедно со претседателот на ЗНМ Младен Чадиковски, на последните средби со државните шефови, повика на подобрување на условите за медиумските работници, за слободата на медиумите, а особено беше повикано при изборот на членовите во Советот на Агенцијата за медиуми, изборот на кандидатите да се врши според критериумите за професионализам и независност.
Досегашните членови беа избрани во 2014 година за мандат од седум години. Тогаш законот беше променет за мандатот да биде само пет години, но сега мандатот се продолжува додека не се изберат нови членови. Додека два прелиминарни конкурси за избор на членови на Советот на Агенцијата за медиуми пропаднаа поради политички блокади. Неизборот на нови членови во Собранието е забележан и во извештајот на ЕК за напредокот на државата./Алсат.мк
Зекирија Хаџиу