24/7 услуги за граѓаните, остана само ветувањето на поранешниот градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари
24/7 услуги за граѓаните, остана само ветувањето на поранешниот градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари

Поставување електронски платформи кои би им понудиле услуги на граѓаните 24 часа на ден, 7 дена во неделата, како и единствена платформа за општините во која би биле вклучени јавните претпријатија и каде би можеле да се плаќа, подигање лични документи и плаќање даноци. Ова беа ветувањата кои ги вети поранешниот прв човек на општина Гостивар, Арбен Таравари во предизборната кампања. Но, дигитализацијата на општинските служби остана на хартија, додека апаратите поставени на влезот на општината за оваа намера, никогаш не проработеа. В.д градоначалникот на општината вели дека решението за Јавното претпријатие и таксата е направено преку апликации, додека „е-киоск“ останал нереализиран.
Овие уреди за плаќање или разни документации или давачки во општината се поставени одамна, но проблемот е што никогаш не се ставени во функција. Ветувањето беше дека ваквите електронски шалтери ќе ги има на неколку места и граѓаните многу полесно ќе плаќаат или издаваат било каков документ, но тоа никогаш не се случи. Од општина Гостивар велат дека сега ќе почнат да експериментираат дали проектот ќе биде успешен или не.
„Е – киоск што го имаме во општината, зборуваме за него, бидејќи имаше технички проблем што имавме потешкотии да го решиме, но, според зборовите, верувам дека до нова година и ова ќе биде достапно за граѓаните. Во моментов овие услуги се поврзани со општина Гостивар, но не се интегрирани од други институции. Ќе се потрудиме со другите институции да им овозможиме на граѓаните да издаваат документи кои не припаѓаат на општината“, рече Валбон Лимани, в.д градоначалник на општина Гостивар.
Ова не е единственото ветување кое во предизборната кампања го даде поранешниот прв човек на општината и кое никогаш не се исполни.
„Во моментов се разгледуваат. Прво направивме функционален компактен систем и веќе сме во разговор со некои млади кои имаат иновативен систем. Првично тоа ќе го направиме како пилот-проект со десет точки низ градот кои ќе бидат опремени со сензори и ќе ги сигнализираат камионите за носење отпад, а доколку се покаже добро, следната година ќе продолжиме со опремата на сите канти во градот Гостивар“, додаде Валбон Лимани, в.д градоначалник на општина Гостивар.
Лимани признава дека до сега немало ниту вистинска студија или вистински фидбек за овој проект.
„Досега не сме имале вистински фидбек или вистински студии за тоа како може да функционира и немавме точни студии за тоа колку се функционални. Веќе разговаравме и ќе видиме колку ќе биде функционално на терен“, нагласи тој.
Во Гостивар останаа неисполнети голем број ветувања од областа на инфраструктурата, со посебен акцент во селата како патишта и фекална и атмосферска канализација./Алсат.мк
Башким Сулејмани