ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

245 санкционирани возачи во Скопје, 39 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 245 мерки, меѓу кои за непочитување на брзина на движење 39, 35 санкции за возење без возачка дозвола, 11 за некористење сигурносен појас.

Изречени се 10 мерки за користење на мобилен телефон, пет за возење под дејство на алкохол и 69 мерки за непрописно паркирани возила.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button