25 годишен професионален војник починал откако му се слошило на Криволак

Дваесет и петгодишен професионален војник почина синоќа откако му се слопило за време на 24-дневниот курс во Баталјонот за специјални сили „Волци“. Генералштабот соопшти дека состојбата му се влошила околу 18:30 часот, и веднаш бил испратен во Неготино. Оттаму заминал за Скопје, но по пристигнувањето на влезот на Клиниката за интензивна нега констатирана е смрт. Зошто во таква состојба немало хеликоптер за да го однесе во болница? Од Генералштабот велат дека немаат хеликоптер кој ги исполнува условите.
„Армијата нема хеликоптер кој ги исполнува условите за специјален медицински превоз. Согласно времето проценето за интервенција и опремата за медицинска помош во вакви случаи на медицински транспорт, постапено е на најдобар можен начин“, велат од Генералштабот.
Обдукцијата треба да ги потврди причинитре за смртта. Според Генералштабот, здравствената состојба на војникот при започнувањето на курсот за избор на елитната единица била одлична во текот на целиот претходен период. Активностите вклучувале и марширање од 100 километри, во тешки планински и атмосферски услови.
Адриан Керими