ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

27 Април – Организаторите помалку виновни од насилниците

Организаторите на крвавиот 27 – ми април се виновни. Кривичниот суд ги осуди на затворски казни. Поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски доби шест години и шест месеци, додека поранешните министри во владата на ВМРО – ДПМНЕ, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски се осудени на по шест години и три месеци. Шест години доби поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

„Зачудуваат напорите, лица кои учествуваа во насатаните од крвавиот четврток да се окарактеризираат како патриоти кои ја бранат Македонија. Меѓутоа таквите тврдења во ваква ситуација кога сите во државата видоа што се случило и како се урива демократијата преку насилен упад во Собранието и како се тепаат пратеници во Собранието избрани од граѓаните на парламентарни избори во нјмала рак се апсурдни и неумесни“, рече Илија Трпков, судија.

Обвинителството побара притвор за сите. Судот пак одлучи дека е доволна мерката куќен притвор. На нечовечки однос поради постојаните барања за затворски притвор и релацијата дома – затвор Шутка, реагираше Миле Јанакиески.

„Сакам само да ви претставам една ситуација, како изгледа пред мојот дом за да видите дека повеќе од доволна е мерката куќен притвор. По бегството на Мијалков мене ме обезбедуваат над осум полициски службеници. Секое возило што излегува или влегува во мојата зграда детално се претресува“, рече Јанакиески.

Делото – загрозување на уставниот поредок предвидува минимум 10 години затвор. Одлуката Кривичен да ги казни обвинетите, далеку под минимумот, за Обвинителството е неприфатливо. Судот ги ублажи премногу казните, велат од обвинителството, бидејќи извршителите на насилството на 27 – ми април се казнети со драконски казни. Најавија жалба пред Апелација за висината на затворските казни, оти Кривичен не смеел да досуди казна пониска од десет години.

„Една компрација ќе направам, Катица Јанева е казнета за пониско кривично дело, Злоупотреба на службена положба, каде максималната казна е десет години и доби седум години. Па сега јавноста нека направи споредеба со висината на казната“, рече Гордана Смаќоска, Обвинителство за организиран криминал.

Одбраната смета дека пресудата за организаторите на 27 – ми април е донесна само со исказот на Алекасандар Василевски – Нинџа. И адвоактите најавија жалба до повисокиот суд.

„Како дел од одбраната сметам дека не можеше да има осуда во овој предмет, така да со било која казна не сме задоволни“, изјави адвокатот Еленко Миланов.

За разлика од организаторите кои денеска беа казнети со затвор далеку под минимумот, извршителите на насилството на 27 – ми април беа казнети со драконски затворски казни. Највисока затворска казна доби Митко Чавков, 16 години, додека најниска Абдуљфета Алими шест години. Инаку, првиот процес против извршителите на насилствата, заврши со амнестија на дел од обвинетите и од вина беа ослободени сите пратеници од ВМРО – ДПМНЕ кои ги отворија вратите од Собранието. Дел од овие пратеници потоа гласаа за промена на уставното име. Амнестирани беа и организаторите на протестите од „За заедничка Македонија“ кои со потпалувачки говори придонесоа учесниците на протестот да влезат во Собранието и да тепаат пратеници и новинари.

Бојан Стојановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button