ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Почнува нова голема афера, увезувале и гореле отпадно масло, го заведувале како мазут!

Министерот за економија, Крешник Бектеши, не бил запознен дека кај нас се увезувало опасно масло кое било декларирано како мазут. Бектеши вината ја лоцира во разрешениот дирекр на Джравниот пазарен инспекторат Стојко Пановски. Според Бектеши, инспекторатот за две години направил само една проверка на квалитетот на горивата.

„Јас не би сакал да го користам зборот дека во тоа истражување директорот лажел, но кажал многу невистини имајќи во предвид дека токму оваа мобилна лабораторија можело да се користи да се направат такви проверки, а тој ниеднаш не се обратил во Министерството за економија, ни во Бирото за метеорологија, не ни ја известил Владата, ако имал такви сознанија. Ние како министерство за економија такви сознанија не сме имале.“

Според телевизиската сторија на ИРЛ, објавена на МТВ, загадувањето во земјава се криело зад тони опасно гороиво кое лажно се прикажувало како мазут. Него го користеле и државни институции. Според ТВ сторијата на ИРЛ, кичевската фирма „Евротим“ снабдувала институции со наводен мазут, кој всушност бил отпадно масло кое го загадува воздухот. Го добивала од босанската фирма „Хифа Оил“, а тие пак го земале од чешката фирма „Унипетрол“. Таму горивото не се водело како мазут, туку како опасно масло шететно по здравјето и животот на луѓето. Како такво се царинело во Босна, но не и во Македонија бидејќи кај нас, на засега нејасен начин, добивало друга декларација, односно како да е мазут.

Алсат праша во Царинската управа зошто декларацијата била променета, па отпадното масло, кое не смее да се гори во ЕУ, кај нас мистериозно добило тарифен број како да е всушност мазут, кој е легален за увоз и за горење?

Царинска управа

„Минералните масла се категориризирани во различни категории според нивото на дестилација и тоа како лесни масла, средни масла, тешки масла и масла за ложење. Во царинската номенклатура и во Царинската тарифа не постојат категории или тарифни броеви за опасни масла или безопасни масла…“

Според ИРЛ, фирмата „Евротим“ со опасното гориво ги снабдува велешката фирма „БРАКО“ на поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев и некогашниот комбинат ФЕНИ, а сега ЕУРОНИКЕЛ Индустри во Кавадарци. Анѓушев преку БРАКО демантираше дека e на било кој начин поврзан со увозот на токсични масла.

Ниту г. Кочо Анѓушев ниту „Брако“ Велес се поврзани со увоз на некакви токсични масла или мазут ниту, пак, „Брако“ Велес е голем потрошувач на мазут во Македонија. Вистината е дека „Брако“ Велес никогаш не увезол мазут…“

Кавадаречкиот градоначалник, во чија општина работи поранешна ФЕНИ која е посочена дека користи штетно гориво, бара расчистување на случајот.

„Со увоз на отпадно гориво кое е забрането во Европска Унија, а кај нас се увезува како мазут и се употребува, а знаејќи дека тоа има смртоносни последици, некој мора да сноси одговорност“

Инаку, зимава и есенва најзагаден град во земјава беше токму Кавадарци.

Igor Stefanovski

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button