30 дена притвор за осомничените за убиството во Штип
30 дена притвор за осомничените за убиството во Штип

Судија на претходна постапка од основниот суд во Штип на петмината државјани од Република Турција, кои се инволвирани во убиство на 25 годишниот турскиот државјанин им одреди мерка притвор од 30 дена.Осмоничените се спроведени во Затворот Куманово.
„Првоосомничениот, 21-годишен маж, на почетокот на месецов во Скопје купил пиштол марка 9 милиметри од непознато лице за 1.100 евра. Податоците за моделот и серискиот број се избришани. Потоа, на 8 мај вечерта, во кафана во Штип, со овој пиштол намерно и заради одмазда убил лице, исто така турски државјанин кој престојувал во Штип. Тие се договориле да се сретнат со жртвата преку апликации за наводно надминување на недоразбирањата меѓу нив. Сепак, по 15-минутен разговор во кафулето, осомничениот отишол во тоалетот и веднаш излегол, а потоа до вратата што го дели отворениот од затворениот дел на кафулето, го извадил пиштолот и испукал неколку куршуми кон жртвата, предизвикувајќи му бројни повреди“, велат од Обвинителство.
По извршувањето на убиството, останатите четворица осомничени – тројца мажи и една жена, на возраст од 22 до 28 години – му помогнале на сторителот, кој се соочува со доживотна казна затвор.
„На локација во Штип го качиле во автомобил БМВ управуван од осомничениот и сите заминале за Скопје. На патарината во Миладиновци на автопатот Штип-Скопје наишле на полициска патрола и избегале, но подоцна биле уапсени“, велат од Обвинителство.
Пред два дена во Штип беше убиен 25-годишен турски државјанин. Според снимките од безбедносните камери, целиот настан се одвивал филмски и многу кратко, додека во барот биле присутни и други гости./Алсат.мк