30 дена притвор за возачот, кој ја усмрти младата Фросина Кулакова
30 дена притвор за возачот, кој ја усмрти младата Фросина Кулакова

20-годишниот Васил Јованов, кој ја усмрти младата Фросина Кулакова, и претходно имал судир со законот. Од април до јули минатата година бил во притвор, обвинет за производство и трговија на наркотични средства. По притворот, судот му изрекол воспитно-поправна мерка и го испратил во Воспитно-поправниот дом во Тетово. Во 2023 година, против Јованов бил отворена истрага за сообраќајна несреќа во која едно лице било повредено. Сепак, Јованов никогаш не бил осуден.
И покрај овие податоци, Кривичниот суд изразува зачуденост како јавноста ја поврзува несреќата од 29 јануари со претходните дела од минатата година.
„Нејасна е врската што се создава во јавноста помеѓу кривичен предмет кој во прв степен завршил со корективна мерка за одредено лице за едно кривично дело, со друго кривично дело што се случило 7 месеци подоцна. Дали некој во правосудниот систем можел да предвиди дека обвинетиот, 7 месеци по пресудата со која требало да биде институционализиран, ќе изврши друго кривично дело и поради тоа требало да остане во притвор? Законите во нашата земја, како и меѓународните конвенции за човекови права, не го дозволуваат тоа„, велат од Кривичен суд.
Според Кривичен, вината за фаталниот случај не е кај судството, бидејќи секој поединец може да предизвика сообраќајна несреќа. Министерот за внатрешни работи Тошковски, прашува како е возможно вакво лице да управува со автомобил и понатаму.
„Со право се поставува прашањето, како може лице со криминално досие, без возачка дозвола, со толку многу претходни прекршување на сообраќајните правила, се уште да биде зад воланот? Ова не е само тема за дискусија, туку реален и сериозен проблем кој бара конкретни и неодложни решенија„, рече Панче Тошкоски – министер за внатрешни работи.
Како решение, премиерот Христијан Мицкоски го споменува системот „безбеден град“.
20-годишниот Васил Јованов доби 30-дневен притвор. Тој ја усмрти 22-годишната девојка додека возел со голема брзина, поминал на црвено, без возачка дозвола и во алкохолизирана состојба. Возилото било на име на неговиот татко, кој, според неофицијални информации, е вработен како потполковник во касарната „Илинден“./Алсат.мк