ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
30 илјади евра во кеш, земја, стан и куќа во Базел, Швајцарија – Дали е ова министерот милионер?

Министерот за економија Крешник Бектеши се чини дека има супер големо богатство иако над половина од него е претставено на име на неговите родители.
Мерцедес бенц и теренски Hjyndai Tukson, банкарски депозит од 30.000 евра, градежно земјиште од 826 метри квадратни и куќа од 280 метри квадратни, вака Бектеши во негово име и приложил на Антикорупциската комисија, дознава Алсат.
На име на неговите родители во Анкетниот лист приложил градежно земјиште од 476 метри квадратни, земјоделско земјиште од 1729 метри квадратни, деловен простор во Кичево од 60 метри квадратни, куќа во Приштина од 406 метри квадратни, три стана во Каваја, Албанија и еден во Базел, Швајцарија.