ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

320 санкционирани возачи во Скопје, 20 за возење под дејство на алкохол

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (12.02.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 320 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 26 санкции, 20 за управување под дејство на алкохол, 29 мерки за користење на мобилен телефон.

Advertisements

Изречени се осум санкции за минување на затворен семафор (црвено светло), 67 за непочитување на брзина на движење и 75 мерки за непрописно паркирање. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button