ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

353 казнети возачи на територија на град Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (06.11.2020) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Advertisements

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 353 мерки, меѓу кои 45 за возење без возачка дозвола, 29 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, 40 мерки за некористење на сигурносен појас, 20 за користење на мобилен телефон, а изречени се и 95 мерки за непрописно паркирани возила.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button