40 до 60 онколошки пациенти наскоро ќе добијат биолошка терапија
40 до 60 онколошки пациенти наскоро ќе добијат биолошка терапија

Од 40 до 60 онколошки пациенти наскоро ќе добијат биолошка терапија. Според него, проблемот настанал поради зголемување на бројот на пациенти и недостатокот на еден лек. Во моментов, се преземаат напори терапијата да пристигне преку анекс-договори, додека за останатите случаи, заедно со директорот на Фондот за здравство, работат на обезбедување донации по забрзана процедура.
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека фармацевтската компанија „Пановски“, која од ВМРО-ДПМНЕ беше обвинета за злоупотреби, ќе продолжи да ја снабдува Клиниката за онкологија со биолошка терапија, но нема да се земаат лекови на заем. Тој истакна дека сите лекови што ќе се набавуваат ќе бидат строго контролирани, евидентирани и следени за тоа како се користат и на кои пациенти се даваат.
Фармацевтската компанија „Пановски“ има договор во вредност од 2,3 милиони евра за биолошките терапии што ги обезбедува за Клиниката за онкологија. Властите најавија дека до крајот на неделата ќе биде доставена терапијата за околу 300 онколошки пациенти кои се соочуваат со недостиг на терапија веќе повеќе од 10 дена./Алсат.мк
Линда Ебиби