46 илјади евра за изборите во Центар Жупа

Над 46 илјади евра за изборите во Центар Жупа, за помалку од 2 илјади гласачи за кои се верува дека се уште живеат во оваа општина. Ова се средствата издвоени од буџетот за локалните избори на 17 април. Од нив, над 26 илјади евра се средства наменети за платено политичко рекламирање, иако од ДИК велат дека не мора сите да бидат искористени.
„Ние како ДИК направивме финансиски план кој предлагам денеска да го одобриме само за општина Центар Жупа. Вредноста е 2 милиони 855 илјади денари. Најголем дел од средствата на овие избори врз основа на член 75и и 76д, околу 1 милион 641 илјади денари, ќе бидат наменети за политичко рекламирање, а остатокот за организирање и спроведување на избори, изјави Дитмире Шеху, потпретседателка на ДИК
ДИК во државниот буџет ќе ги врати средствата предвидени за изборите во Маврово и Ростуше, кои иако се планираше да се одржат истовремено со изборите во Центар Жупа, пропаднаа бидејќи кандидатите се повлекоа.
На 17 октомври во Центар Жупа гласале само 1886 лица од вкупно 7317 запишани во избирачкиот список. Ова значи дека цензусот не е исполнет, да гласаат најмалку 1/3 од запишаните избирачи. За да бидат успешни изборите, треба да излезат најмалку 2.439 гласачи. И во трката на 17 април се соочуваат истите кандидати како и пред шест месеци, Аријан Ибраим и Шаин Шаќир.
Центар Жупа- избори 17 октомври
Вкупно гласови – 1886
Аријан Ибраим (Турска демократска партија) – 1342 гласа
Шаин Шаќир (Движење за национално единство на Турците) – 482 гласа
Неважечки – 62 гласа
Потребни гласови за законскиот цензус- 2439 година
Центар Жупа не е општина со најмалку запишани гласачи во државата, но поради миграцијата, ризикот е голем да не успеат изборите ни на 17 април. Ова вчера за Алсат го изјави еден од кандидатите и владин повереник за управување со општината до новите избори. Тој побара и намалување на законскиот цензус.
„…Треба да дојдат од Италија на гласање и се уште постои ризик истите избори да бидат (неуспешни), Аријан Ибрахим- градоначалник на Центар Жупа
Алсат со денови испраќа прашања до Владата, кое е решението да се избегне трошење во вакви случаи, поточно дали територијалната реорганизација и спојување на општините со помалку гласачи со најблиските општини е опција која ќе се разгледува. И покрај нашето инсистирање, досега не добивме одговор. /Алсат.мк
Фатлуме Дервиши