ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

48 пациенти повредени во трагедијата во Кочани сè уште се лекуваат во странство додека двајца се во критична состојба

48 пациенти повредени во трагедијата во Кочани сè уште се лекуваат во странство додека двајца се во критична состојба

Од вкупно 193 повредени пациенти во трагедијата во Кочани, 48 сè уште се лекуваат во странство, додека деветмина се на лекување во Скопје. Двајца пациенти и понатаму се во критична состојба, и имаат оштетувања на дишните патишта. Останатите се во стабилна состојба, но опасноста од инфекции останува.

Advertisements

„Денес, во Скопје се лекуваат вкупно 9 пациенти, од кои само двајца се на Клиничкиот центар, и тоа на Клиника за пластична хирургија, еден пациент во болницата „8 Септември“, четворица во Општата градска болница и двајца пациенти се во приватна болница. Наредните денови очекуваме да се вратат и други пациенти, денес се враќа еден пациент од Унгарија“, рече Арбен Таравари, министер за здравство.

Првата пациентка што беше испратена на лекување во странство и која се наоѓаше во тешка здравствена состојба се врати во земјава. Таа е во стабилна состојба, но ќе остане хоспитализирана за понатамошен третман.

Од следната недела во болницата „8 Септември“ ќе се формира медицински тим што ќе се грижи за пациентите кои ќе се вратат во земјава, додека експерти од Англија заедно со нашите лекари ќе подготват протоколи со кои ќе се процени каде пациентите треба да го продолжат лекувањето./Алсат.мк
Линда Ебиби

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button