ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

50 санкционирани возачи во Скопје, 25 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (06.01.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Advertisements

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 50 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 25, четири мерки за возење без возачка дозвола, четири за користење мобилен телефон.

Изречени се две мерки за возач почетник и една санкција за непрописно престигнување и заобиколување.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button